Wednesday, October 16, 2013

Моден дизајн

МОДЕН ДИЗАЈН


Моден дизајн е применета уметност на дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модните додатоци. Модниот дизајн е под влијание на културата и општествевиот однос и бил разновиден во однос на времето и местото. Модните креатори работат на многу начини при дизајнирањето на облека и модни додатоци. Некои работат сами, а некои како дел од тим. Модните креатори се обидуваат да ги задоволат желбите на потрошувачите за естетското дизајнирање на облеката, па поради потребното време да ја донесат облеката на пазарот, понекогаш од потрошувачите може да се очекува да го сменат вкусот за облека. Всушност, некои модни дизајнери имаат углед кој им овозмозува да воведуваат нови модни трендови.
Модните креатори се обидуваат да дизајнираат облека која е едноставна и естетски привлечна. Мора да имаат предвид кој ќе ја носи облеката и пригодата во која ќе се носи таа облеқа. Модните креатори имаат широк избор и комбинации на матерјали] со кои работат и широк избор на бои, модели и стилови. Сепак, дел од секојдневната облека нема голем избор на вообичаени стилови. Обично се бара несекојдневна облека за специјални пригоди како, на пример вечерна облека или облека за забави. Дел од облеката се прави специјално за одредени личности како што е случај со високата мода или конфекциската облека. Денес, голем дел од облеката е креирана за масовниот пазар, особено неформалната и секојдневната облека.

Дизајнирање на облека

Модните креатори работат на различни начини. Некои прават скици на хартија, додека други прават дипли на ткаенината во форма на облека. Кога дизајнерот е целосно задоволен од изгледот на штофот (или муслин), тој / таа се консултира со професионален изработувач на шеми кој ја привршува работната верзија на дизајнот. Работата на изработувачот на шеми е многу прецизна и макотрпна. Изгледот на готовата облека зависи од прецизната изработка. На крај, примерокот од облеката се крои и се испробува на модел.


Модно образование


Постојат голем број на добро познати уметнички училишта и училишта за дизајн низ светот кои нудат диплома за моден креатор. Нaјугледните училишта за дизајн се Национален Институт за мода и технологија - Индија, Моден Институт за дизајн и реклама, Моден Институт за технологија, Европски Институт за дизајн, Институт Марангони, Централен Колеџ за уметност и дизајн Св. Мартинс, Кингстон Универзитет - Лондон, Модна Федерација ПАРИЗ, Европска Модна Акредитација, Савана Колеџ за уметност и дизајн, Институтот Прат, Колеџ за мода Лондон , Универзитет Вестминстер во Лондон, Национален Институт за модна технологија во Индија, Модна академија Антверпен во Белгија, Ново училиште за дизајн - Парсонс во ЊуjоркПолитехнико Милано, Институт за Уметничко училиште Чикаго, Колеџ Колумбија Чикаго,Национален Колеџ за Уметности ( НКУ ) во Пакистан , Универзитет Ших Чиен, Универзитет РМИТ во Мелбурн , Католички Универзитет Фу Жен во Тајван и Рафлс Дизајн во поголемиот дел на Азија. Единствениот Универзитет од Ајви Лигата кој има студентска програма за моден дизајн е Универзитетот Корнел во Итака, Њуjорк. Програмата ја нуди Одделот за наука за текстил и Дизајн на облека. Универзитетот Корнел исто така нуди програма за студенти за дизајн на облека во Соединетите Американски Држави. Програмата е наменета да упати на потребите на академијата, индустријата и истраувањето, замајќи го во обѕир дизајнот на облеката како применета наука што го опфаќа дизајнот, технологијата, физичките науки, хуманитарните и општествените науки, со цел да ги задоволи човечките потреби за облека.



Кои се најбараните модни дизајнери?


Најбараниот моден дизајнер за оваа година дефинитивно е Мајкл Корс. Омилениот креатор помеѓу славните, Корс, го „собори“ од врвот италијанскиот бренд Гучи.


Корс има неколку колекции кои вклучуваат машка и женска гардероба, како и женски чанти и чевли. Го прославила Мишел Обама, носејќи негови креации на сите јавни случувања.

На листата на првите десет најбарани дизајнери и брендови минатата година првото место убедливо го завзеде Гучи, кој годинава падна на третото место. Еве ја и топ 10 листата на најбарани светски модни дизајнери за оваа година:


1. Мајкл Корс

2. Луј Витон

3. Гучи

4. Ралф Лорен

5. Џ.Кру

6. Шанел

7. Прада

8. Џуси Котур

9. Барбери

10. Тори Бурч


ФЕШН ШОУ НА ЛУЈ ВИТОН


Louis Vuitton - Fall Winter 2013/2014

1 comment:

  1. Здраво на сите, денес е продуктивен ден. Работам на моите проекти кои треба да се завршат во следната недела и исто така доаѓам до нова стратегија за моите деловни цели. Зборувам за г-дин Педро, службеник за заем кој помогна да го одобри мојот заем за да го започнам мојот бизнис со стапка од 3%, така што навистина се надевам дека во наредните недели ќе можам да се вратам и да одам и да не дозволам ништо да ме задржи надолу. Мразам оваа работа нагоре и надолу секој ден е различна и едноставно мразам како се чувствувам. Подготвен сум да бидам онаа личност од која бев пред повеќе од една година, која е на вистинскиот пат и знае што е важно, добро здравје и одење кон моите цели. Само имам верба дека ќе се вратам на вистинскиот пат, а исто така се радувам на многуте промени кои ќе влезат во мојот живот во следните неколку недели. Чувајте ме во вашите мисли, сета позитивна енергија навистина е потребна.
    за деловен кредит.личен заем, заем за автомобил, станбен кредит и друга финансиска помош.
    Контактирајте со г-дин Педро за заем од 2% стапка на pedroloanss@gmail.com.

    ReplyDelete